Соленото езеро ги воодушевува посетителите со својата промена на бојата

Фасцинантната промена на бојата на Соленото Езеро во централната турска провинција Коња воодушевува многу посетители, јавува Anadolu.

Езерото, кое е на листата на светско наследство на УНЕСКО, задоволува 70 отсто од потребите на Турција за сол.

Алгите во езерото во текот на летото, кога се зголемуваат температурата и соленоста, се заштитуваат од штетното влијание на сончевите зраци со производство на црвена бета-каротен супстанца.

Во овој период бојата на езерото станува розова или црвена бидејќи бактериите премногу се размножуваат.

Кога солта излегла на површината, голем дел од Соленото Езеро побеле.

Секоја година ова езеро е домаќин на значителен број домашни и странски туристи.