Сончево со мала до умерена облачност, температура до 22 степени

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на места ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 7, а максималната ќе достигне од 15 до 22 степени, информираат од УХМР.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне 21 степен.

Од утре до среда ќе биде променливо облачно, во попладневните часови нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер.

Како што соопшти УХМР, од среда ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе услови намалување на температурата за неколку степени.