Сообраќајка во тунелот пред Катланово, блокиран автопатот Велес-Скопје

 Поради сообраќајна несреќа во тунелот пред Катланово во прекин е сообраќајот на автопатот Велес-Скопје, информираат од Центарот за упраување со кризи (ЦУК).

– Од ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта известуваат дека во моментот поради сообраќајна незгода во тунелот пред Катланово во прекин е сообраќајот на автопатот Велес-Скопје, стои во известувањето од ЦУК.