Сообраќајна несреќа во Косово: Ученици се враќале од екскурзија на нив удрил камион – 30 лица повредени!

30 лица се повредени во сообраќајна несреќа во која учествувале автобус, автомобил и камион на патот Приштина-Пеќ, кај Враголија.

Автобусот превезувал ученици кои биле на екскурзија во Албанија.

Портпаролот на полицијата Бајрам Красниќи соопшти дека во несреќата се повредени 30 лица и дека на местото пристигнале медицински екипи.

– Во 15 часот и 50 минути полицијата била известена за сообраќајна незгода што се случила на патот Приштина-Пеќ. Во несреќата учествувале автобус со странски регистарски таблички, камион со домашни регистерски таблички и автомобил. На местото на настанот излегле надлежни полициски единици. Во несреќата се повредени 30 лица. Известени се и медицинските екипи – беше соопштено.