Сопругата на Саша Поповиќ зборуваше за Карлеуша: Малкумина го очекуваа ова од Сузана, сега се знае вистината (фото)

Сузана Јовановиќ го кажа своето мислење за новите албуми на Јелена Карлеуша и се потсети на нивното пријателство.

Таа откри и која песна најмногу и’ се допаѓа од албумите на Карлеуша.

– „Омега“ ми е подобар и ми се допаѓа песната „Абу Даби“. И на Саша му се допаѓа. Во последно време ми се допаѓаат и албумите на Александра Пријовиќ, Теа Таировиќ и Милица Павловиќ. Дури и ги потпевнувам на нивните песни. Тоа се три млади девојки кои со своите песни ги направија своите кариери, идентитетот, што е за пофалба – рече Сузана.

Сузана истакна дека откако Јелена ја напуштила „Ѕвездите на Гранд“ нивните патишта се разделиле.

– Кога таа го напушти Гранд, нашите патишта едноставно се разделија. Кога сте поблиски со некого, повеќе се дружите. Јелена има свои обврски, семејството, презафатена е со обврски и концерти. Животот малку нè раздели. Во секој случај и’ посакувам се најдобро – изјави пејачката за српски Телеграф.