Состанок на Централното собрание на Движењето БЕСА во Тетово

Состанокот на Централното собрание се одржа во седиштето на Движењето БЕСА во Тетово. Покрај политичките актуелности се разговараше и за подготовките за учество на претседателските и парламентарните избори.

Исто така, на седницата на Централното собрание, претседателот на партијата Билал Касами доби овластување да ја состави листата на кандидати за пратеници во соработка со партнерите од опозициската коалиција ВРЕДИ.