Софија и Атина не додржаа, полека почнаа да мешетарат во македонските избори

Бугарија и Грција се вмешаа во изборите во Македонија. На Софија и сметаат изјавите за внесувањето на Бугарите во уставот а Атина се фати за тоа како си ја нарекуваме државата. Изјавите на првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ дека уставни измени под бугарски диктат нема да има изгледа го погодија претседателот на Буагрија Румен Радев. Порача да се исполнат обврските од францускиот предлог веднаш по изборите.

„Очекувам по завршувањето на изборната кампања во Република Македонија и одржувањето на изборите таму, политичката ситуација кај нашиот југозападен сосед ќе овозможи целосно спроведување на европската одлука од јули 2022 година, што е неизбежен елемент на патот кон Скопје кон ЕУ. Изјавите на водечките политички личности во РСМ, дадени за време на кампањата од провокативен карактер, не помагаат да се зајакне дијалогот меѓу нашите две земји“, рече шефот на бугарската држава, Румен Радев.

Ова доаѓа неколку дена отккао грчките медиуми објавуваа анализи под наслов „Предизборна конфронтација за уставното име“.Преспанскиот договор е оспорен во политичка дебата во * Македонија, пишуваше грчкиот медиум Kатимерини откако Христијан Мицкоски рече дека земјата ќе ја нарекува единствено како „Македонија“.

Лидерот на најголемата опозициска партија во Македонија изјави дека доколку биде избран за премиер, тој ќе ја нарекува земјата единствено како „Македонија“, без оглед на Договорот од Преспа од 2018 година со кој се реши спорот со Грција за името на земјата“, пишува медиумот „Катимерини“.

Главен фокус на анализата е изјавата на Христијан Мицкоски.

„За мене Македонија е Македонија и ќе остане Македонија. Ако има некој соговорник на кој што му пречи ова, или пак оваа изнасилена употреба на придавката како што го слушаме Ковачевски, тогаш нема да разговараме“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на 3 април во телевизискиот дуел со лидерот на СДСМ, на Канал 5.

Медиумот го пренесе и ставот на лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски, пишувајќи дека „изразил загриженост поради одбивањето на лидерот на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ да го користи уставното име на земјата“ Во текстот за Преспанскиот договор се анализирани и анкетите според кои Мицкоски ужива најголема доверба од граѓаните.
Како што е познато уставните измени се главната пречка на патот кон ЕУ. Ова дојде откако Македонија го прифати францускиот предлог против кој беа 80% од граѓаните. И покрај тоа, не се исклучува можноста повторно да добиеме блокада бидејќи немаме никакви гаранции.