За да биде месото вкусно, пред да ги додадете зачините избришете ги батаците со хартиени крпи за да се отстрани вишокот на влага и полесно да добиете крцкава кора…
За да подготвите сочни и миризливи батаци полни со вкус, не ви требаат премногу труд или состојки.
По маринирањето, батаците се печат во рерна, а како прилог можете да ја послужите вашата омилена салата , пире од компири или карфиол или кој било друг прилог по ваш избор.
За да биде месото вкусно , пред да ги додадете зачините, избришете ги со хартиени крпи за да се отстрани вишокот на влага и полесно да добиете крцкава кора.
Состојки за печено пилешко:
- 8 пилешки батаци
- 2 супени лажици маслиново масло
- 1 лажичка морска сол
- ½ лажичка мелен црн пипер
- 1 лажичка лук во прав
- 1 и ½ лажичка чадена пиперка
- ¼ лажичка чили во прав
- 1 лажичка кромид во прав
Подготовка на печено пилешко:
- Измешајте ги зачините во сад. Исушете ги батаците со хартиени крпи. Ставете ги во пластична кеса која може да се затвори, потоа прелијте со масло и додајте зачини, па затворете ја кесата и тријте додека не се премачка месото. Оставете го во фрижидер три часа, а потоа извадете го половина час пред печењето.
- Загрејте ја рерната на 220 степени Целзиусови. Обложете го плехот со хартија за печење и подмачкајте го. Ставете го месото на плех за печење.
- Ставете ја тавата со месото во загреана рерна и печете 40-45 минути (или подолго, во зависност од дебелината) или додека внатрешната температура не биде 74 степени или повисока, што можете да проверете со термометарот.