,,Со денови плачев, беше страшно и сурово!” Сека Алексиќ го криела проблемот од семејството – оваа ситуација ѝ го променила целиот живот

Сека Алексиќ гостуваше во една емисија и по тој повод се потсети на школските денови. Таа проговори за тешкиот период кога била жртва на насилство од врсници и кога морала да се оддалечи со своите најблиски.

– Побегнавме од Зворник кога имав шест години, а првпат дојдовме во Бања Ковиљача. Живеевме многу тешко, живеевме во дом за бегалци, потоа отидовме да живееме во едно старо училиште од кое направивме куќа. Немавме бања, па се капевме кај комшиите. Дојдовме буквално голии, без ништо – изјавила Сека во една прилика.

– Таму отидов во четврто одделение и децата беа брутални кон мене. Ме исмејуваа поради моето пелтечење, поради искинатите чевли, затоа што носев иста маица. Беше страшно сурово, плачев со денови, но не сакав ништо да ѝ кажам на мајка ми, бидејќи не сакав да ѝ ја влошам и онака многу тешката ситуација – додаде пејачката.

– Имав разни незгоди. Ме туркаа, ме плукаа, ми ја кинеа кошулата, но тоа ми помогна во животот. Им благодарам на сите што беа толку ,,љубезни” кон мене, бидејќи денеска не би била тоа што сум – заклучи Сека.