СО ОВАА ПЕЈАЧКА ПОЗНАТИОТ ФУДБАЛЕР ЈА ИЗНЕВЕРУВАШЕ СОПРУГАТА : Во Катар имаше ГОЛЕМИ ПРОБЛЕМИ, сега се’ излезе на виделина! (ФОТО)

Натпреварот помеѓу Аргентина и Панама го следеше 25-годишната убавица, пејачката Мартина Стосел, девојката на Родриго де Пол

Аргентина ја победи Панама со 2:0 во пријателски натпревар со головите на Тиаго Алмада и Лионел Меси во карневалска атмосфера, во својот прв натпревар пред домашните навивачи по освојувањето на Светското првенство во декември, а во центарот на вниманието беше една убавица.

На стадионот Монументал беше и 25-годишната убавица, пејачката Мартина Стосел, девојката на Родриго де Пол. Таа на контроверзен начин влезе во врска со 28-годишниот играч, а поради судски постапки не можеше да замине ниту во Катар.

Имено, Родриго ја изневерувал сопругата Камила Хомс со Мартина Стосел и поради тоа морал да оди на суд. Според катарските закони, не може во Катар да влезе секој, особено оној што има проблем со судството.

Камила побара старателство над децата, што Родриго не го прифати. Процесот траеше долго и се одрази на фудбалерот. Папараците редовно ја посетуваат Мартина, а таа беше во центарот на вниманието и на Монументал.

Колку е популарна пејачката Мартина Стосел доволно говори и фактот што на Инстаграм има повеќе од 20 милиони следбеници.