Колумбиската актерка Софија Вергара (50) ги воодушеви своите следбеници со фотографија покрај базен.
Заводливата актерка позираше покрај базен во оскуден костим за капење и фотографијата ја сподели на својот Инстаграм.
Мојата работа е лето“, напиша Вергара која ги покажа своите облини.
Актерката очигледно ужива во летото, како што навела во описот на фотографијата, а од приложената фотографија може да се забележи дека ужива и во сончањето. На фотографијата жешката Колумбијка позира лежена покрај базен, додека носеше црни бикини.
На актерката не и се непознати провокативните изданија, а нејзиниот младешки изглед на 50-годишна возраст воодушевува многумина.
Инаку, Вергара е позната по улогата на Глорија Причет од серијата „Modern Family“, а сега е и во жирито на шоуто „America’s Got Talent“. Исто така, актерката долго време го држеше првото место на листата на најплатени холивудски актерки, но од април 2023 година веќе не е така.