Со свечена академија одбележан Денот на албанското знаме

најмоќната политичко-воена Алијанса, треба да го насочиме нашето внимание кон одржување на мирот и безбедноста во координација со нашите сојузници и особено нашиот стратешки сојузник САД, рече Река.

Првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби нагласи дека „нацијата се почестува со работа и посочи дека треба да продолжиме да ја правиме нацијата секој од нас камен по камен“.

-Нацијата се почестува со работа. Ние, кои сме овде, му должиме да продолжиме да ја правиме нацијата секој од нас камен по камен во нашата тврдина, почнувајќи од изградбата на автопати и железници со Албанија и Косово, отстранување на границите меѓу нас и до членството во Европската Унија. Нека секој посветено си ја работи работата, рече Груби.

Свечената академија беше збогатена и со културно-уметничка програма.

На 28 ноември, Албанците од целиот свет го обележуваат истакнувањето на албанското знаме во Тврдината во Круја во Албанија во 1443 година и во Валона во 1912 година.

Ѓерѓ Кастриоти Скендербег на овој датум во 1443 го подигнал албанското национално знаме во Тврдината во Круја, додека на 28 ноември 1912, Исмаил Ќемали го истакнал знамето во Валона. На 28 ноември 1912 во Валона е одржано и Националното собрание со 37 делегатии, кое ја прогласило независноста на Албанија.