Спалети: Ако го пуштиш Кварацхелија, мртов си

– Тренерот на Наполи, Лучијано Спалети е импресиониран од играта на Квича Кварацхелија на синоќешниот натпревар против Аталанта.

Наполи забележа победа (2:0) во 26. коло од Серија А, Кварацхелија беше стрелец на првиот гол.

– Кварацхелија е одличен во завршницата на нападите, знае добро да го направи тоа. Ако го пуштиш да пробие, ти си мртов. Може да заврши на различни начини, да погоди од невозможни ситуации. Неговите удари секој пат тоа се исклучително прецизни и тешки  за голманите, изјави Спалети.

Наполи за кој настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас е убедлив лидер во италијанската лига со 68 бодови од 26 натпревари.