Спасени 510 лица од урнатините предизвикани од поплавите во Дерна

– Спасувачките екипи на теренот во либискиот град Дерна успеаја од урнатините да спасат 510 лица.

Продолжуваат акциите за пребарување и спасување по разорните поплави во Либија.

„Локалните меѓународни тимови за пребарување и спасување спасија 510 лица од урнатините на Дерна“, изјави Садетин Абдулвекил, потсекретар во Министерството за здравство на Владата на националното единство на Либија.

Абдулвекил напомена дека во неколку подрачја е потребна итна интервенција и додаде дека во наредните часови ќе се фокусираат на тоа.

Ураганот „Даниел“, кој на 10 септември го зафати централниот дел на Медитеранот и Источна Либија, предизвика катастрофални поплави во градовите Дерна, Бенгази, Ал-Бајда, Ал-Марџ и Соуса.

Владата на либиското национално единство објави дека во поплавите животот го загубиле 6.000 лица, а илјадници се водат за исчезнати.