Спасено теле кое останало заробено скоро една недела под урнатините на штала по одрон во Словенија после катастрофалните поплави

Телето Гомзи, заробено под урнатините на штала што беше однесено од одрон во Луче, Словенија, е спасено.

По катастрофалните поплави, свлечиштата сега предизвикуваат проблеми на повеќе места во Словенија.

Над селото Струга во општина Луче, едно свлечиште однело три куќи, а друго затрупало плевна во која се чувале неколку животни. Осум крави умреле веднаш, но едно теле останало живо и плачело под урнатините. Не можеле да дојдат до тоа бидејќи не можеле да набават механизација, пренесе Дело.

Здружението Пасја нота вчера на Фејсбук објави дека двомесечното теле Гомзи за чудо преживеало, пренесува N1 Словенија.