Спасовски: Непосредната комуникација со граѓаните преку „Отворен кабинет“ ја гради довербата

Непосредната комуникација со граѓаните преку „Отворен кабинет“ ја гради довербата. За нас е многу важно да имаме партнерство со граѓаните. Ова е само надоврзување на формирањето на локалните совети за превенција, на отворање на интитуцијата, на подигање на транспарентноста и отвореноста кон граѓаните, вели министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во врска со актуелниот проект на МВР „Отворен кабинет“.

Во денешното гостување во Утринската програма на МТВ, Спасовски рече дека во многу градови има луѓе кои имаат потреба да разговараат со министерот за внатрешни работи и дека „Отворен кабинет“ е одлична пракса.

Тој потсети дека досега МВР организираше „Отворен кабинет“ во Штип и во Струга и дека мнозинството граѓани доаѓат за општи проблеми, наместо за вообичанието за вработување.

– Карактеристично е што и во двата града дојдоа претседатели на здруженија. Во главно граѓаните најчество разговараа за состојбите во сообраќајот, за безбедноста, за тоа како да пристапуваме кон учениците, училиштата, што би требало да бидат темите на нашите превентивни активности, истакна министерот Спасовски.

Според него, ова е одлична можност граѓаните да прашаат, да дадат одредена сугестија, одреден коментар кој за МВР би бил многу корисен.

– Добро е тоа што ние како кабинет поминуваме еден работен ден надвор од Скопје, од вообичаеното клише кое го имаме. Да пратиме порака дека само близината, непосредната комуникација ја гради довербата. За нас е многу важно да имаме партнерство со граѓаните, нагласи министерот Спасовски, додавајќи дека МВР од најзатворена институција во 2017 година, денес под актуелното раководство е во една од институциите кои ужива најголема доверба и една од трите најтранспарентни институции во државата