Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски работниот престој во Естонија денеска го заокружил со посета на македонската амбасада во Талин, каде што домаќин беше амбасадорот во Амбасадата на Република Северна Македонија, Драган Јордановски.
Како што информираат од МВР, Спасовски и амбасадорот Јордановски заклучиле дека дека работната посета поминала во убава пријателска атмосфера со естонските домаќини и оти формализирањето на еден ваков договор за полициска соработка ќе претставува чекор напред што ќе отвори нови можности и идеи за размена на искуства на нашите полициски служби.
Пред посетата на македонската амбасада во Талин, министерот Спасовски остварил посета на Одделот за полиција и гранична стража при естонското МВР, како и на естонската Академија за безбедносни науки.