„Спејс икс“ лансира 52 сателита Старлинк во вселената

– Американскиот производител на ракети „Спејс икс“ лансира 52 сателита Старлинк со ракетата „Фалкон-9″.

Според веста на „Јунајтед прес интернешнл (UPI)“, ракетата „Фалкон-9“ беше лансирана во 03:10 часот по локално време од вселенската станица „Кејп Канаверал“ во американската сојузна држава Флорида.

Педесет и два сателита ќе се вклучат во мрежата на сателити на Старлинк, која се состои од над 4.000 сателити и која овозможува широкопојасен интернет со висока брзина за 1,5 милиони корисници.

По завршувањето на мисијата, ракетата успешно слета на бродот именуван како „Џаст рид инстракшн“ на Атлантскиот Океан.

Ракетата за која станува збор оваа година ја изврши 39. мисија на „Спејс икс“, а досега ја реализираше својата 230. мисија.