Спречете го ракот на дебелото црево со овие намирници

Дијана Родригез е писателка која работеше исклучиво за HealthDay, со завидно искуство пишувајќи вести и приказни поврзани со здравјето.

Таа напиша на порталот Everydayhealth за тоа како, според Американското здружение за истражување на ракот (ACS), има дури 100.000 луѓе на кои им е дијагностициран рак на дебелото црево секоја година.

Додека возраста и генетиката се неизбежни фактори на ризик, вие можете да ја преземете контролата над другите фактори на вашето здравје – неправилна исхрана, пушење, дебелина, физичка неактивност.

„Се проценува дека здравата исхрана спречува рак на дебелото црево во 70 до 90 проценти од случаите“, вели гастроендокринологот Керол Бурк.

1. Избегнувајте стекови и колбаси

Месни производи, парчиња месо, големи количини црвено месо подготвено во длабоки масти, едноставно избегнувајте. Во студија објавена во јануари 2014 година, се наведува дека секои 100 грама црвено месо дневно го зголемува ризикот од рак на дебелото црево за 14 проценти. „Ограничете се на помалку од половина килограм црвено месо неделно и целосно избегнувајте го преработеното месо како сланина, колбаси и виршли“, вели Линдзи Мелоун, специјалист во Клиниката во Кливленд.

2. Изберете само здрави масти

Не се сите масти забранети – изберете незаситени масти и избегнувајте заситени масти. Полинезаситените масти исто така можат да помогнат во регулирањето на холестеролот во крвта и да го подобрат здравјето на клетките. Истражувањето објавено во декември 2013 година покажа дека заситените масти (обично животинско месо, црвено месо, путер) се тесно поврзани со зголемување на ризикот од рак на дебелото црево, додека омега-3 мастите и потрошувачката на риба го намалуваат тој ризик за 12 проценти.

3. Јадете многу овошје и зеленчук

За да спречите рак на дебелото црево, ви требаат повеќе од едно јаболко дневно. „Утврдено е дека со консумирање овошје и зеленчук, можеме да го намалиме ризикот од рак на дебелото црево“, вели Малун. Истражувањето објавено во јануари 2014 година покажа дека исхраната богата со овошје и зеленчук го намалува ризикот од овој рак за 25 проценти. „Шарената храна е одличен почеток. Секоја боја со себе носи одредени витамини и различни антиоксиданси кои помагаат во одржувањето на здравјето на клетките“, додаде Малун.

4. Обидете се што почесто да имате жолта и портокалова храна во чинијата

Секојдневната исхрана која го намалува ризикот од рак на дебелото црево треба да биде изобилна, фигуративно кажано, во жолта и портокалова храна. „Студиите покажуваат дека храната која содржи високо ниво на бета-каротен го намалува ризикот од рак“, вели д-р Ерин Палински-Вејд. Затоа, консумирајте многу моркови, слатки компири и тикви.

5. „Посните“ протеини се идеална состојка за вашата исхрана

Американското здружение за истражување на ракот покажува дека 4 проценти од сите видови на рак кај мажите и 7 проценти кај жените се предизвикани од дебелината. Така, на пример, за да добиете повеќе протеини, не јадете пилешка кожа и јадете повеќе јаткасти плодови, семки. или грав во вашата исхрана, советува Палински-Вејд.

6. Храната богата со растителни влакна го промовира целокупното здравје

Доктор Бурк смета дека храната богата со растителни влакна секако ја прави вашата исхрана подобра, иако тие не се единствената опција во борбата против ракот на дебелото црево и додава дека „кафеавиот ориз, овошјето, зеленчукот, јаткастите плодови, семките, гравот, сето тоа се исклучително добро за вашето здравје“. Малун има свои омилени: јаболка, круши, моркови, слатки компири, брокула, овес и црн грав. „Студиите кои се занимаваат со вкупната потрошувачка на калории по оброк покажуваат дека луѓето кои јадат салата или јаболко пред оброкот имаат тенденција да јадат помалку од главното јадење“, вели таа, што секако го намалува ризикот од дебелина предизвикана од прејадување.

7. Поставете си граница до која пиете алкохолни пијалоци

Повремениот алкохолен пијалок не е страшна работа, но претерувањето со него е еден од факторите на ризик за рак на дебелото црево. Истражувањата покажуваат дека мажите во просек треба да се ограничат на две чаши алкохол дневно, а жените на една.

8. Подгответе ја храната внимателно

Важно е да се избегнуваат методите на готвење кои го зголемуваат ризикот од рак на дебелото црево. „Прженото, особено препрженото месо содржи канцерогени материи“, вели Палински-Вејд и додава дека „доколку се одлучите на скара, избегнувајте јагленосани или јагленисани парчиња и обидете се да готвите со фолија за да избегнете такво нешто“.

„Исто така, ако ја загревате храната во микробранова печка, не правете го тоа додека храната е во пластичен сад, бидејќи може да испушти канцерогени материи, кои директно ќе влезат во она што ќе го јадете. Пред се, внимавајте дали садот во кој се загревате е сад што може да се стави во микробранова печка“, додаде таа.