Србин среде Германија остана во шок: Нарачал храна, се мачел да објасни, а потоа го спасил Македонецот (ВИДЕО)

Се обидувал на секој начин да му објасни на работникот што сака. Проба со раце, малку германски, малку англиски, но ништо од тоа не вроди со плод…

Видеото на гастербајтер од Србија како се обидува да нарача храна во ресторан за брза храна во Германија е толку урнебесно што не е ни чудо што стекна огромна популарност на социјалните мрежи.

Се обидувал на секој начин да му објасни на работникот што сака. Проба со раце, малку германски, малку англиски, но не вредеше.

Во еден момент помислил да се откаже, па дури и рекол „ма оброк“ на српски.

А потоа од другата страна се слушна: „Српски? Брат не те разбирам“.

Врз основа на неговиот акцент, сите веднаш заклучија дека станува збор за човек од Македонија, кој повторно се потруди да се договори со српскиот гастербајтер.

Коментарите се разгореа, а малкумина беа љубезни кон момчето.

„Ајде, разбирам дека доаѓаш во Германија и не знаеш германски, но кога не знаеш добро англиски – тоа е веќе епско. Порачување храна…“, „Најак е Македонецот, веројатно, ги спасил, „Зборувај српски за да знае цел свет дека разбираш“, „Меко за мене, меко за тебе“, „Се срамам додека го гледам ова“, се пошегуваа твитерџиите во коментарите.