Србија: Вучиќ се сретна со азербејџанскиот министер Бабаев

Вучиќ истакна дека се надева на уште подобри резултати во зајакнувањето на соработката во сите области, особено во енергетиката, земјоделството и туризмот, како и во одбранбената индустрија.

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, вчера во Белград се сретна со министерот за труд и социјална заштита на населението на Република Азербејџан, Сахил Бабаев, и им се заблагодари за приврзаноста на азербејџанските пријатели на меѓународното право, покажано за време на гласањето во Советот на Европа.

„Србија го смета таквиот чин за израз на искрено пријателство“, рече Вучиќ и упати срдечни поздрави до азербејџанскиот претседател Илхан Алиев.

Вучиќ исто така им посака добра работа на членовите на Меѓувладиниот комитет за економска соработка и трговија, со кој копретседаваат министрите Бабаев и Никола Селаковиќ, и додаде дека се надева на уште подобри резултати во зајакнувањето на соработката во сите области, особено во енергетиката, земјоделството и туризмот, како и во одбранбената индустрија, соопшти Кабинетот на српскиот претседател.

Бабаев изрази очекување дека и оваа година ќе биде успешна за билатералните односи меѓу Србија и Азербејџан, имајќи предвид дека српско-азербејџанското стратешко партнерство бележи силен пораст. Бабаев рече дека азербејџанската делегација дошла во голем број и дека очекува добри резултати од работата на Меѓувладиниот комитет и Бизнис-форумот, со цел да продолжи добрата динамика на развојот на соработката, имајќи предвид дека размената е зголемена за 18 отсто.

Двајцата соговорници изразија очекување до крајот на годината да се воспостави директна авионска линија Белград – Баку.