Средношколка во Белград уапсена со 8,5 килограми “трева”: Погледнете како полицијата ја извлекува од жолтиот Смарт (ВИДЕО)
Апсењето се случи во белградскиот кварт Кумодраж.
Припадници на српското Министерство за внатрешни работи, поточно на Службата за борба против организираниот криминал, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, вчера ги уапсија Ј.М. (19) и 17-годишник под сомнение дека нелегално произведувале и продажба на дрога.
Белградски Курир јавува дека се работи за двајца средношколци.
Полицијата запрела автомобил, жолт смарт, во квартот Кумодраж во Белград. Таа во возилото пронашла и запленила околу 8,5 килограми марихуана, јавуваат српските медиуми.
На осомничената Ј.М и е одредена мерка притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведена во надлежното обвинителство.
17-годишникот е спроведен во Одделот за малолетници на Вишото јавно обвинителство во Белград.