Српски пратеник бара полицијата да се тргне од градското собрание на Балград заради смирување на ситуацијата
Пратеникот од Зелено-левичарскиот фронт Радомир Лазовиќ вечерва ги повика полицајците да се оддалечат од влезот на градското собрание во Белград и да дозволат советниците да им се обратат на насобраните граѓани, за да се смири ситуацијата.
Никој не сака насилство, ние се бориме против насилството, овие луѓе вршат насилство, а не граѓаните врз кои се користи сила“, изјави тој пред новинарите пред Градското собрание.
Тој порача дека граѓаните се бесни, но дека секој треба да се потруди да не дојде до крвопролевање.
„Ние ги браниме институциите и овие луѓе се насилници“, рече Лазовиќ, покажувајќи кон градскиот парламент.
Коментирајќи ги најавите дека српскиот претседател Александар Вучиќ наскоро би можел повторно да се обрати, Лазовиќ рече дека тоа веќе никој не го интересира.
„Тој е лажго, манипулатор и крадец. Никому веќе не му е гајле за тоа. Човече, ги изгубивте изборите во Белград, тргнете се од патот“, рече Лазовиќ.