Стабилно и релативно топло време до крајот на неделава

Периодот на тивко време со повремен слаб променлив ветер продолжува и во наредните денови. Ќе биде релативно топло преку денот, освен во котлините каде ќе има појава на подолготрајна магла и ниска облачност, соопшти УХМР.

Минималната утринска температура ќе се спушти до -4, а максималната денвна ќе достигне 18 степени.