Предлог листата за нови министри и заменици во владата е вистинска „Пазар 3“ листа за спас на владата на Ахмети и Ковачевски, продолжување на рокот за криминал, тендери, кризи и порази за Македонија.
Ковачевски меѓу другото мора да ги образложи предлозите, но не смее да изостави.
Дали за министер за правда го предлага Кренар Лога, брат на Крешник Лога со кривична пријава за убиство на Дилавер Бојку, од 2020 година, за убиство и убиство во обид?
Ковачевски мора да објасни и како за заменик министерка за правда ја предлага Викторија Аврамовска-Мадиќ кога за неа има поднесено кривична пријава до ОЈО за злоупотреба на службената положба и овластување и несовесно работење во службата, тешка 75 илјади евра, но и да објасни како додека таа е генерален секретар на Скопје, зетот од сестра добива над 4 милиони евра, како познатите скали од фирмата Армор Плус?
И овие двајца треба да го водат министерство за правда и да ја исправат довербата од јавноста од само 3%?
Сектор здравство, Ковачевски треба да објасни дали за министер за здравство го предлага Фатмир Меџити, и дали е тоа истиот доктор кој што е конфликтен, корумпиран, дали е поврзан со скандали со шверц на лекови, претседател на УО на ФЗОМ во време на скандали, а функцијата ја добива само заради кумашинската врска со Арбен Таравари?
Ковачевски треба да каже дали Маја Манолева што ја предлага за заменичка за здравство е истата Маја Манолева, којашто не ги почитува антикорупциските норми и ДКСК мораше јавно да ја повикува дека додека е директор на ЈЗУ „Завод за фисикална медицина“ не може да има приватна установа „Физиоплус др. Манолева“- и дали немало повеќе од судир, препраќање на пациентите од јавно во приватното семејно здравство? Притоа, е и потпретседател на Лекарската Комора.
Кога станува збор за одбраната, Ковачевски мора да каже дали е по НАТО стандарди да предлага човек којшто демонстрирал за Илирида? Односно, да каже и дали Тирон Јајага кого го предлага за заменик на Славјанка „Стани Цаци“ Петровска бил вратен во Македонија од мисијата во Брисел заради учество на протест за Илирида додека е член на мисијата во НАТО, а по смена на власта во 2017 бил помилуван за случајот?
Ништо поразлично не е ако се прочепкаат и другите предложени имиња од Ковачевски, како Каја Шукова за министерка за животна средина, која што и во 2020 во име на СДС ветуваше чист воздух, мерки, за сега дури и Берово е загадено!
Новата заменичка во земјоделство Вјолца Бериша таа треба сама треба да објасни дали се помирила и ги заборавила загинатите во пожарот во модуларната болница за што ги обвинуваше токму СДС и ДУИ, и држеше пресови во кои порачуваше „ние нема да дозволиме рециклирање на измами и нема да ги заборавиме починатите во пожарот“. Очигледно, до министерско столче!
Ковачевски треба да објасни и за мотивите за предлог на новиот заменик министер за образование, дали сега со полициски методи Агим Нухиум ќе го утишува револтот во образованието од немање учебници и другите поразителни скандали и зафати?
И почитувани на крајот Ковачевски би требало да каже дали токму референцата дека бил советник на премиер во влада на ВМРО-ДПМНЕ, е пресудна за да Азир Алиу биде поставен за министер за администрација?
Почитувани, од се погоре е јасно дека во овој избор на нова влада со рок од неполни 10 месеци, Македонија во услови на енергетска, економска, финансиска, должничка, криза нема да добие никаков квалитет туку единствено се пополнуваат редовите во Собрание за задржување на тенкото мнозинство! Причина за тоа се тендерите, договорите во четири очи и обид да се избега од правдата!
Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ