Нема смисла да се разговара за тоа како Украина треба да се приклучи на НАТО ако таа не ја добие војната, изјави денеска генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој додаде дека Украина мора да го направи тоа како суверена и независна европска нација, пренесе Гардијан.
Столтенберг рече дека очекува Алијансата да се договори за „повеќегодишна програма“ за помош на Украина во нејзиниот обид да се приклучи на НАТО.
Да потсетиме, Зеленски денеска разговараше со британскиот премиер, кој го отфрли планот на Зеленски за „авио-сојуз“, велејќи дека тие можат да испратат дронови во Украина само како воена помош.