Столтенберг и се заблагодари на Турција за испраќањето војници на Косово

По состанокот со Ердоган, шефот на НАТО, Јенс Столтенберг, ја истакна важноста на силната поддршка на Турција за Украина разурната од војна, вклучително и посредување во Црноморскиот договор за жито и обезбедување на неговото продолжување.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, за време на средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган и се заблагодари на Турција што испрати засилување на Косово поради неодамнешните немири.

Говорејќи за новинарите по состанокот, одржан зад затворени врати во палатата Долмабахче во Истанбул, Столтенберг рече: „Им благодарам на Турција што испрати засилување во северно Косово по неодамнешните немири“.

Столтенберг, исто така, ја истакна важноста на силната поддршка на Турција за Украина разурната од војна, вклучително и посредување во Црноморскиот договор за жито и обезбедување на неговото продолжување.

Столтенберг во саботата присуствуваше на инаугурацијата на претседателот Ердоган и ја искористи приликата да му честита за неговиот реизбор минатата недела и големиот одѕив на гласачите на претседателските избори.

За време на средбата, двајцата лидери разговараа и за важни прашања за кои ќе се разговара во јули на самитот на НАТО во Вилнус, Литванија.

Тој додаде дека меѓу темите биле непоколебливата поддршка на НАТО за Украина, зајакнувањето на мерките за одвраќање и одбрана, како и важноста на присуството на НАТО на Косово.

Столтенберг го истакна и значајниот придонес на Турција и нејзината улога во обезбедувањето мир и безбедност во регионот.

Минатата недела во Косово, најмалку 30 војници на меѓународната мировна мисија предводена од НАТО беа повредени во судирите со српските демонстранти.

Тензиите го зафатија Косово, при што демонстрантите и безбедносните сили се судрија во северните општини во кои доминира српското население поради изборот на градоначалник етнички Албанец.

Министерството за одбрана на Турција во саботата извести дека по настаните на Косово, на барање на Здружената команда на НАТО, баталјон турски специјални сили бил распореден на пат кон касарната „Султан Мурат“ на Косово. Колона турски камиони со возила денеска ја напушти Турција и се упати кон Косово.