Стотици „луксузни“ прехранбени производи поскапеа во Македонија

Стотици прехранбени производи во Македонија ќе поскапат од петок, 6 октомври, откако стапи во сила одлуката на Владата за зголемување на стапката на ДДВ од 5 на 10 отсто.

Зголемувањето се заснова на неодамнешните измени во Законот за ДДВ, а според Министерството за финансии, стотина прехранбени производи се означени како „луксузни“ и затоа ќе подлежат на поскапувања и до десет проценти.

Но, во „луксузот“ спаѓаат и намирниците за секојдневно консумирање како што се некои млечни производи, ориз, јајца, риба, некои видови брашно, џемови, ајвар и други.

Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во петокот изјави дека одлуката може да се коригира, но не за сите ставки бидејќи, според него, некои се сметаат за „луксуз“ додека се бројат сладоледи, чипс, гуми за џвакање, риба лосос.

Одлуката на Владата е донесена неполн месец по одобрената мерка за заштита на потрошувачите од поскапувањето на основните производи.

На 20 септември цените на 50 прехранбени производи се намалени за 10 отсто. Нивните цени не можат да се променат до 30 ноември.

Но, новата одлука за зголемување на данокот на додадена вредност предизвика многу реакции кај граѓаните, па затоа Владата беше принудена да најави ревизија на законските измени во ДДВ.

„Има одредени реакции за некои производи и штом ги добиеме списоците на производи, за кои има поплаки, на следниот состанок, во вторник, одлуката може да се ревидира. Значи, главните реакции се околу 10 до 15 прехранбени артикли и не е точно дека има поскапување на над илјада артикли. Имаме работа со 358 категории на производи“, изјави Битиќи.

Анкетираните граѓани велат дека владините мерки не само што не дале ефект, туку и ја влошиле состојбата со цените, оставајќи простор за злоупотреба на бизнисите бидејќи не сите ги почитуваат одобрените одлуки.

Тие бараат намалувањето на цената да важи за сите производи, но и да се напушти политиката на нивно замрзнување бидејќи не го дала вистинскиот ефект.

„Можеме без сладолед и чипс, но не и без основни производи. Нивните цени продолжуваат да растат и покрај мерките, а платите не се зголемени. Намалувањата за кои зборува Владата се занемарливи во однос на поскапувањата во последните две години“, вели Блалагица Љамбевска, пензионер.

Друга скопјанка вели дека поскапувањето ја натерало да штеди дури и на храна.

„Месо купуваме еднаш месечно, дури и парче само за да уживаме. И покрај мерките, целата храна останува по високи цени. Болен не може да купи ни литар млеко, јогуртот се продава и многу скапо“, вели Марија, пензионерка.

„Ако порано купуваа три килограми месо, сега ние купуваме еден килограм. Се поскапе и штедиме колку што можеме за да можеме да обезбедиме храна. Со кошула можеме долго време, но без леб не, па не купуваме облека или друго, парите ги трошиме само за храна“, вели Стојан Ацковски, невработен.

Мерките на Владата на Македонија да ги замрзне цените на прехранбените производи, да го намали ДДВ-то и потоа да го врати, наиде на критики од експерти за економски прашања.

Арбен Халили, експерт за економски прашања и професор на тетовскиот универзитет, во интервју за Радио Европа е Лире вели дека овие мерки на Владата не само што не ги штитат потрошувачите, туку и им штетат на бизнисот. Тој рече дека „поттикнувањето на локалното производство и овозможувањето слободна конкуренција се единствените можности за стабилизирање на цените на храната“.