Стотици тенковски гранати го погодија бегалскиот камп Џабалија

 Стотици тенковски гранати го погодија бегалскиот камп Џабалија во северниот дел на Појасот Газа, иако израелските копнени операции сега се фокусирани на југот на енклавата, јавува Би-Би-Си.

Во извештајот на Обединетите нации се наведува дека повеќе од 100 луѓе загинале, а многу други се повредени во бомбардирањето на неколку станбени згради во Џабалија.

Локалните власти во Газа соопштија дека околу 100.000 луѓе се уште се во Џабалија без храна или медицинска нега, додека израелски тенкови го опколиле кампот.

Медиумите во Израел објавија дека израелските сили ја зазеле главната испостава на Хамас и пронашле тунели и оружје.

Портпаролот на израелските одбранбени сили (ИДФ) Даниел Хагари потврди дека армијата се бори „во срцето на Џабалија и во областа Шеџаи“.