СТРАВИЧНА ТРАГЕДИЈА ВО МОСКВА: Четири лица загинаа во несреќа во трговски центар (ВИДЕО)

Трговскиот центар „Времена года“ е отворен во 2007 година и има 150 продавници.
Најмалку четири лица загинаа, а неколку се повредени откако денеска пукна цевка за топла вода во трговскиот центар „Времена года“ во западниот дел на Москва , изјави градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин .

Тој рече дека некои од повредените се здобиле со изгореници и дека итната помош е на местото на настанот, пренесе Ројтерс.    

– На сите настрадани им пружаме медицинска помош – рече Собјанин.  

Видео снимката покажува поплава низ зградата и пареа се излева надвор од вратите.

Трговскиот центар „Времена года“ е отворен во 2007 година и има 150 продавници.