СТРАВ И ПАНИКА ВО ПОЛСКА – Властите објавија 23 смртни случаи од ретка и опасна болест: “Изворот на инфекцијата сè уште не е познат…“

Полска објави вкупно 23 смртни случаи поврзани со легионерска болест заклучно со 11. септември, објави Светската здравствена организација (СЗО) во четвртокот.

Пријавени се вкупно 166 случаи на оваа болест, соопшти СЗО, додавајќи дека од 7. септември не е регистриран ниту еден нов случај.

Легионерската болест, која е предизвикана од бактеријата Легионела, може да резултира со тешка форма на пневмонија. Најчеста форма на пренос е вдишување на контаминирани аеросоли, според СЗО.

Во август, властите соопштија дека полската агенција за домашна безбедност истражува дали појавата на легионерската болест можела да биде резултат на намерно манипулирање со системот за вода.

Изворот на инфекцијата се уште не е откриен, а истрагата се уште е во тек“, соопшти СЗО.