Страстен колекционер: Собра речиси 4.000 играчки автомобили

Емре Балчи, кој работи како менаџер во фирма, изјави дека за автомобили се интересирал уште од детството.

Емре Балчи, 35-годишен маж кој живее во Анкара, во својата соба чува колекција од околу 4.000 автомобили собрани од Турција и други земји.

Балчи, кој работи како менаџер во фирма, вели дека за автомобили се интересирал уште од детството.

Тој почна да собира автомобили пред 21 година.

Балчи изјави дека оттогаш не престанал да собира автомобили.

Во неговата колекција има ограничено издание на играчки, а ги купил во градовите што ги посетил.

“Многу патувам. Се чувствувам како да одам на одмор, но всушност ќе купам автомобил. Бидејќи мојата цел не е да одам на одмор, туку да купувам автомобили од различни градови. Каде и да одам, морам да ги најдам автомобилите што ги сакам”.

Тој изјави дека најголемиот дел од автомобилите ги донел од странство.

Балчи рече дека во Турција нема многу модели и дека сите топ модели доаѓаат од различни земји.

Тој исто така купува автомобили преку Интернет.