СТРАШЕН ПАД НА АВСТРИЈЕЦОТ: Тешка повреда за најдобриот скијач во сезоната

Лоша среќа за австрискиот скијач Марко Шварц

Шварц падна од скиите и заврши во заштитната мрежа, каде лежеше неколку минути, очигледно извртувајќи го десното колено.
Му била укажана прва помош, тешко одел без поддршка на десната нога пред да биде пренесен во болница со хеликоптер.

Шварц, кој минатата недела победи на слаломот во Мадона ди Кампиљо, дојде во Бормио со осум бода предност во генералниот поредок пред Швајцарецот Марк Одермат.