Министрите за надворешни работи на балканските земји со честитки до новиот шеф на турската дипломатија, Фидан

 – Министрите за надворешни работи на земјите од Балканот упатуваат честитки по повод именувањето на Хакан Фидан за нов министер за надворешни работи на Турција.

Министерот за надворешни работи на Северна Македонија, Бујар Османи, на својот твитер-профил упати честитка до новиот шеф на турската дипломатија, Фидан.

„Честитки Хакан Фидан за вашето именување за нов шеф на дипломатијата на Турција. Високо ги цениме блиските односи помеѓу Северна Македонија и Турција, и со нетрпение очекуваме да работиме со вас на унапредување на нашата соработка, за доброто на нашите земји и граѓани. Честито.“

И министерката за надворешни работи и дијаспора на Косово, Доника Гервала, преку социјалните мрежи упати честитка до Фидан.

„Нашите народи и земји имаат специјална врска. Со нетрпение очекувам да го зајакнеме нашето долгогодишно сојузништво и да ги збогатиме животите на нашите граѓани. Ви посакувам едно патување со полн успех“, напиша Гервала.

Од друга страна, честитка до Фидан упати и министерот за надворешни работи на Србија, Ивица Дачиќ.

„Со нетрпение очекувам да работиме заедно за зајакнување на односите меѓу Србија и Турција. Благодарност до Мевлут Чавушоглу за нашата успешна соработка што ја реализиравме долги години“, напиша шефот на српската дипломатија.