Шок во Бахмут – Украинците се вратија и ги победија Русите! Пригожин се огласи – „Ова е срамота“ (фото)

Шефот на групата Вагнер, Евгениј Пригожин, изјави дека украинските сили повторно зазеле дел од населбата северно од Бахмут.

Тој изјави дека силите на Киев повторно го зазеле Берхивка. Тој оваа случка ја нарече срамна за Русија.

Тој во објава на Телеграм ги повика лидерите во руската војска, вклучително и министерот за одбрана Сергеј Шојгу и началникот на Генералштабот на вооружените сили Валериј Герасимов, да дојдат на фронтот.

– Ајде, можете, а ако не можете, ќе умретен како херои – рече Пригожин.

Армијата на Пригожин го зазеде градот Бахмут минатиот месец по најдолгата битка во војната.

Борците на групата Вагнер потоа им ги предадоа своите позиции на руските трупи.

Пригожин отворено го критикуваше руското воено раководство. Пред Вагнер да го заземе Бахмут, Пригожин се закани дека ќе ги повлече своите сили од градот, обвинувајќи ја Москва за недостаток на муниција.