Страшна порака пред убиството на Оки во Халкидики: Објавена слика со членови на кланот, а еден детаљ е страшен (ФОТО)

Грчката полиција сè уште трага по најмалку двајца осомничени мажи, кои ноќта меѓу петокот и саботата брутално го убиja македонскиот бизнисмен Орхан Бајрами (39) пред луксузна вила на Халкидики.

Напаѓачите, кои носеле качулки и најверојатно фантомки, упаднале во дворот на вилата што бизнисменот ја изнајмил со своите пријатели. Додека сите седеле во дворот, напаѓачите влетале и испукале 19 куршуми кон Бајрами.

Во нападот беше ранет и Сеад С.(45), додека двајца мажи и една жена кои исто така биле во дворот не се повредени во нападот.

Грчката полиција започна строга контрола на сите гранични премини, бидејќи се верува дека убијците ќе се обидат да побегнат од земјата, ако не во Македонија, тогаш во Бугарија или Турција.

Убиениот бизнисмен е поврзан со подземјето, познато е дека е сопственик на казино, но и се занимавал со продажба на алкохолни пијалоци.

Македонските медиуми пишуваат дека ликвидацијата на Бајрами била однапред планирана, дури и најавена и тоа на социјална мрежа.

Се претпоставува дека тој е убиен во конфликт меѓу клановите кои ги „држат“ Скопје, а неколку часа пред ликвидацијата на профил на „ТикТок“ се појавила фотографија од Бајрами со еден од членовите на еден од клановите а преку нивните тела бил исцртан знакот ,,Х” а кај Бајрами пишувало ,,НАСКОРО“.

Недолго потоа беше објавена нова фотографија на која над Бајрами е исцртан знакот „Х“.

Бајрами наводно бил застрелан со пиштол, а грчките медиуми пишуваат дека „знаел што го чека“, и дека затоа се криел во Грција.

Тој во саботата околу пладне требало да ја напушти вилата во која е убиен, а потоа требало да замине на нова локација некаде во Грција.

Сеад С., кој е ранет во престрелката, е во болница и е во добра состојба. Тој е ранет во раката и не разговара со полицијата. Медиумите пишуваат дека и претходно бил мета, и дека во март за влакно се спасил, додека двајца негови соработници биле убиени.

Медиумите потсетуваат дека двајца блиски соработници на Бајрами беа убиени во март во Скопје. Кон нив биле испукани повеќе од 40 куршуми.

Самиот Бајрами тогаш ја избегнал смртта бидејќи доцнел на средбата.

Еден месец подоцна, македонски државјанин е ликвидиран на Косово, а се претпоставува дека е поврзан со бруталното убиство во Скопје.