Страшна смрт на тинејџер, УБИЕЦОТ УАПСЕН: Го претепал до смрт, а чистач го нашол осакатеното тело во шума! Ова е причината за убиството (ВИДЕО)

Разјаснета е мистериозната смрт на Ворамет Бен Таота (16), кој има двојно државјанство на Велика Британија и Тајланд, а осомничениот за убиството е приведен. Тинејџерот, кој беше пронајден со ужасни рани по телото и главата, се претпоставува дека починал со страшна смрт поради расправија за дрога.

Чајват Бункарин (44) доби кривична пријава за убиство откако наводно го признал делото, кажувајќи на полицијата дека го претепал со дрво при расправија поради дрога.

Во неделата наутро во шума во областа Бан Тан беше пронајдено искасапеното тело на младиот човек. Тајландската полиција тогаш изјави дека верувала дека тинејџерот бил убиен со тапи удари во главата и лицето.

Локалните медиуми објавија дека неговото тело го пронашол чистач кој работел таму во тој период. Полицијата подоцна ги пронашла неговите работи, вклучително и полнач за телефон, лична карта и банкарска картичка, но телефонот и парите му недостасувале, што доведе до шпекулации дека тинејџерот бил ограбен.

Ворамет

Осомничениот Чајват Бункарин, за кој полицијата соопшти дека неодамна бил ослободен од затвор за сексуални злосторства, наводно признал дека го намамил Бен во шумата и го нападнал како одмазда за неуспешната зделка со дрога.

Полицијата соопшти дека Чајват рекол дека Бен и неговата девојка (16), која се уште се води како исчезната, украле пратка со метамфетамин наменета за него.

Генерал-мајор на полицијата и командант на провинциската полиција рече дека „осомничениот бил лут бидејќи верувал дека Бен ја чувал дрогата за себе и за својата девојка, па ја тепал жртвата со стап додека младиот човек не се онесвестил.

„Тој е криминалец. Претходно беше во затвор. Ќе биде обвинет за убиство“, изјави тој.

Таткото и мајката се соочиле со убиецот

Стивен Греам (60), таткото на убиениот британски тинејџер, денеска дошол на местото на злосторството и се соочил со осомничениот убиец на местото каде што било пронајдено претепаното тело на неговиот син. Стивен долетал од својот дом во Истбурн, Источен Сасекс, за да помогне во истрагата.

Греам, облечен во сина маица и очила, се приближи до полициската кола, со спуштен прозорец накратко, и извика низа пцовки на осомничениот: „Злосторнику, погледни ме. Погледни ме во очи. Гледај ме во очи копиле!“

Кога Чајват го изведоа од автомобилот, Стивен извика: „Тргни му ја маската, сакам да му го видам лицето, ти си кукавица. Ти си кукавица, копиле. Не, не можеш да ме погледнеш. Ти си кукавица. Види, погледни ме!“

Вознемирениот татко го тешела мајката на момчето, Уј Таота, која заедно со неколку роднини му викала на осомничениот убиец.

„Сакам да го задавам. Тој е злобен. Тој е чисто зло, ѓубриња. Не можам да разберам што се случи. Мојот син беше добро момче, сега никогаш нема да порасне. Се надевам дека убиецот ќе умре во затвор“, рече Греам.

„Имаше дамки од крв по целото лице“

Вечерта на 6 мај, Ворамет Бен Таота отишол на возење со мотор со девојка по име Јам (16) во провинцијата Лампанг, но ниту еден од нив не се вратил дома. Тоа беше последен пат кога беше виден жив. Полицајците од областа Мае Та рекоа дека добиле пријава следниот ден, во неделата наутро, дека тинејџер бил пронајден мртов во шумичката во областа Бан Тан.

Ворамет Бен Таот

Полицијата соопшти дека Ворамет се збогувал со својата мајка во саботата навечер и рекол дека ќе оди „на работа со пријателите“, но не кажал детали за неговите планови. Надлежните веруваат дека тој бил убиен на друго место и дека телото било фрлено таму каде што било пронајдено, потпрено на дрво.

Ситисак Сингтонгла, официјален претставник на полицијата во областа Ме Та рече дека телото на Ворамет било пронајдено со дамки од крв „по целото лице“.

– Утврдено е дека лицето и главата му биле удирани со тежок предмет додека не му отекле и помодреле, а на лицето имало длабока рана. Телото е пренесено во болница на обдукција – рече тој.

Бабата на тинејџерот: Го намамиле и го убиле

Бабата на тинејџерката, Лилијан Греам, по откривањето на телото изјавила дека нејзиниот внук бил намамен во шумата и убиен.

– Бен беше со девојка и отиде во шумата да се најде со некој маж. Но, нешто мора да се случило и човекот го убил Бен. Ова е вистински шок. Сите сме потресени – рече таа.

Бабата рече дека таткото на Ворамет ја запознал неговата мајка Уј Таота кога тој бил на одмор во Тајланд со пријателите. Потоа забременила и Стив неколку пати се враќал во Тајланд.

– Живееја предалеку еден од друг и за жал врската не им успеа. Но, јас и Стив многу го сакавме Бен. Беше посебен – рекла бабата.