Страшни снимки од Појасот Газа: Израелците ги фрлаат Палестинците на подот, до нив има бебешко седиште со крв (ФОТО)
Додека израелските власти тврдат дека го почитуваат меѓународното хуманитарно право, нови грозоморни фотографии доаѓаат од Појасот Газа. Читател на портал (24 sedam) испратил фотографии од страшното насилство врз палестинскиот народ, кој Израел интензивно го бомбардира веќе неколку дена.
Министерството за здравство во Газа потврди дека само во последните 24 часа во израелските воздушни напади врз Газа загинале 324 Палестинци , а 1.000 други се ранети.
Како што може да се види на една од фотографиите испратени до порталот, израелски војници, вооружени до заби, држат полуголи и врзани Палестинци на тревата и подот, додека на другата е прикажана уште пошокантна сцена – на патот следно до автомобилот може да се види детско седиште кое испаднало од возилото и кое е облеано во крв
Крваво е и парче облека, кое можеби е фустанче.
Од појасот Газа од минута пристигнуваат вести за напади врз цивили – на пример, во саботата наутро на северот на Газа имаше напад врз конвој со палестински цивили, откако Израел им порача на жителите да ја напуштат областа.
Би-Би-Си потврди дека нападот се случил на улицата Салах ал-Дин, една од двете рути за евакуација од северот на Газа кон југ.
ИДФ ги повика Палестинците да се евакуираат: Ќе нападнеме со голема сила
Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари претходно во саботата изјави дека израелските одбранбени сили се подготвуваат за следните фази од војната со Хамас во Појасот Газа и ги повика Палестинците во северната енклава да се евакуираат, велејќи дека Израел „ќе нападне со голема сила“.
– Распоредени сме и силно подготвени за следните фази од војната. Фокусирани сме на Газа, но сме широко распространети, што ни овозможува да работиме истовремено на неколку фронтови – рече Хагари.
– Секој што ќе реши да не се евакуира, се става во опасност себеси и своето семејство. Ќе нападнеме со голема сила во областите што се евакуирани – вели Хагари.
ОН: Ситуацијата во Појасот Газа е прашање на живот и смрт
Обединетите нации ја опишаа ситуацијата во Појасот Газа како прашање на живот и смрт, предупредувајќи дека снабдувањето со чиста вода за два милиони луѓе е загрозено.
ОН, исто така, предупредија на зголемен ризик од болести кои се пренесуваат преку вода, објави Си-Ен-Ен.
– Стана прашање на живот и смрт . Неопходно е да се испорача гориво во Газа за да има вода достапна за два милиони луѓе – се вели во соопштението на генералниот комесар на Агенцијата на ОН за помош и работа на палестинските бегалци, Филипе Лазарини.
Тој укажа на разорното влијание на блокадата врз Газа, која веќе една недела не добива нова хуманитарна помош.
– На Појасот Газа му снемува чиста вода, откако престанаа да работат неговата фабрика за вода и јавните водоводни мрежи. Луѓето сега се принудени да користат нечиста вода од бунарите, со што се зголемува ризикот од болести кои се пренесуваат преку вода. Во Газа исто така нема струја од 11 октомври, што се одразува на водоснабдувањето – се наведува во соопштението.
Агенцијата предупреди дека водата сега исто така истекува на новата локација бидејќи илјадници раселени цивили од северна Газа продолжуваат да пристигнуваат.
– Само во изминатите 12 часа стотици илјади луѓе се раселени. Егзодусот продолжува додека луѓето се преселуваат во јужните делови на Појасот Газа. Речиси милион луѓе се раселени за само една недела – се вели во соопштението.