Центарот на Чернихив погоден од ракети, снимен е моментот на нападот! Расте бројот на загинати, 90 ранети, се огласи и Зеленски (ВИДЕО/ФОТО)
Бројот на загинати се искачи на 7, повеќе од 90 ранети
Седум лица, меѓу кои и шестгодишно дете, загинаа кога руска ракета го погоди северниот украински град Чернихив, соопшти украинското Министерство за внатрешни работи. Меѓу 90-те ранети има 12 деца, објави Министерството.
Жртвите биле на пат кон црквата за да го прослават верскиот празник кога проектилот паднал, соопшти Министерството. Во нападот наводно биле оштетени главниот плоштад, зградата на универзитетот и театарот.
Силен удар за Чернихив
Чернихив, украински град на самиот север на земјата, беше нападнат во саботата наутро. Ракети паднаа врз самиот центар на градот додека главниот плоштад беше полн со луѓе. На видеата се гледаат трупови на асфалтот, а украинскиот претседател Зеленски на Твитер напиша дека се погодени главниот плоштад, универзитетот и театарот.
– Русите ја претворија обичната сабота во ден на тага и болка. Има мртви и ранети – напиша Зеленски.
На жителите им беше кажано да останат во засолништа откако Чернихив беше под руски напад.
– Непријателот го гранатираше центарот на Чернихив, најверојатно со балистичка ракета. Останете во засолништата – изјави гувернерот на регионот Вјачеслав Чаус на Телеграма.