Страшно видео од падот на хеликоптер во Њујорк: Шест мртви, во леталото имало и деца (ВИДЕО)

Шест лица загинаа при пад на хеликоптер во реката Хадсон во Њујорк денеска, пренесоа американските медиуми, повикувајќи се на полициски извори.

Според извори, во хеликоптерот биле пилотот, двајца возрасни и три деца.

На социјалните мрежи се појави видео од наводниот пад на авионот.

На видеото се гледа како хеликоптерот паднал во реката Хадсон со силен пад.

На местото е во тек спасувачка операција.

Засега не е познато што го предизвикало катастрофалниот пад во реката Хадсон.