Сцени кои го кршат срцето: Членовите на Вагнер го креваат руското знаме во Бахмут и извикуваат – „Победа“! (видео)

Освоени се 99 отсто од географските граници на Бахмут, коментира за SkyNews поранешниот разузнавач на британската армија Филип Инграм.

Како што изјави, градот бил целосно уништен, а останала многу малку неосвоена територија. Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги потврди овие зборови: „Нема ништо веќе во Бахмут“.

Низ социјалните мрежи се шират и снимки од членовите на групата Вагнер како ја слават својата победа.

Победа!“ се слуша на видеото на командантот.

„Украинците би можеле да се обидат да заземат источно од Харков. Тие би можеле да се обидат да вратат уште еден голем дел од територијата како минатата година“, рече Инграм во својата анализа.

Сепак, шефот на Вагнер, Евгениј Пригожин, во утринските часови на каналот Телеграм објави дека во Бахмут нема украинска војска.

Огромен број трупови на Украинци се насекаде низ градот. Бахмут е целосно зафатен до последниот сантиметар“, напиша тој.

Злогласната платеничка група Вагнер во саботата објави дека го освоила Бахмут. Пригожин на каналот Телеграм изјави дека борбата, која траеше 224 дена, е завршена.