СE УРНА ЗГРАДА ВО ФРАНЦИЈА! Морничави сцени од местото на настанот, пожарот беснее, невозможно е да се пријде на затрупаниte, ОВА Е можната причина за падот

Станбена зграда со четири ката се урна во текот на ноќта меѓу саботата и неделата во центарот на Марсеј , но пожарот ги спречува спасувачите да трагаат по можни жртви.

Најмалку пет лица се повредени, соопшти градоначалникот Беноа Пајан.

Пожарот ги спречи спасувачите да трагаат по други можни жртви, а се сомнева дека уривањето на зградата е предизвикано од експлозија , јавува BFMTV.

„Постојат силни сомневања дека експлозија предизвикала уривање на зградата, но во оваа фаза мора да бидеме многу внимателни за причините за несреќата“, изјави префектот на регионот Буш-де-Рон, Кристоф Мирман, додавајќи дека причина може да биде експлозија на гас.

Пожарот ги спречи и дресираните кучиња да ги пребаруваат урнатините за евентуални жртви.

„Се обидуваме да ја забрзаме акцијата бидејќи времето е од суштинско значење, но кучињата не можат да ја издржат оваа температура и топлина“, изјави командантот на баталјонот на противпожарната бригада на Марсеј, Лионел Матје.

Локалните власти соопштија дека се уште не се знае колку луѓе живееле во зградата.

Пожарникарите, кои работат во областа, сè уште не успеале да утврдат список на луѓе кои би можеле да бидат во зградата за време на уривањето.

„Имаме сто луѓе на теренот, приоритет е очигледно да се изгасне пожарот и да се расчистат урнатините за да се најдат луѓе кои можеби се заробени под урнатините“, изјави вицеадмиралот на поморската противпожарна бригада на Марсеј.

Како безбедносна мерка се евакуирани соседните згради. Евакуирани се 11 лица. Улиците околу зградата, која се наоѓа во централниот дел на градот, се опколени, а присутен е и многу персонал за брза помош. На некои од околните улици сè уште лебдеше прашина.