ТАА НЕ ГО ПРЕПОЗНА – Комична средба на теренот: Сопругата на Меси го прегрнa неговиот соиграч

Урнебесната сцена се случи по натпреварот помеѓу Интер Мајами и Синсинати во полуфиналето на УС Опен купот, а главна ѕвезда беше сопругата на Лионел Меси, Антонела Рокуцо.

Откако Интер Мајами на Меси се пласираше во финалето на пенали, членовите на семејството на играчите скокнаа на теренот за да ја прослават победата со нив.

Рокузо тоа го направи со трите деца, а Аргентинката во таа прилика се обиде да дојде до својот сопруг.

Антонела прошета на теренот и тргна да го прегрне партнерот со раширени раце, но на нејзино изненадување лицето на кое и пријде не беше Лионел, туку неговиот соиграч Жорди Алба.

Алба реагирал изненаден како Антонела, се прегрнале и почнале да се смеат, а потоа продолжилa да го бара сопругот.

Видеото од оваа интеракција стана хит на социјалните мрежи и предизвика бројни коментари, а луѓето се шегуваат дека фудбалерите изгледаат „исто од далечина“.