ТАГА ВО СВЕТОТ НА БОКСОТ: (Според многумина) – ПОЧИНА НАЈДОБРИОТ БОКСЕР НА СИТЕ ВРЕМИЊА!

Заминувањето на великанот…

Според мислењето на многумина, еден од најдобрите боксери на сите времиња, Кен Бјукенан, почина на 77-годишна возраст.

Кен имаше богата кариера и во рингот влегол 69 пати, добивајќи 61 меч, а во 27 меча победил со нокаут.

Тој беше светски шампион и во 1970 година го победи Исмаел Лагана. Следната година, тој ги освои титулите на ВБА и ВБЦ, победувајќи го Рубен Наваро. Сепак, неговата кариера после тоа почна да оди надолу.

Прво му беше одземена титулата, а на мечот против Роберт Дуран доби незгоден удар со колено во меѓуножјето. Поради ова тој до крајот на животот имаше проблеми со тестисите и неправедно му беше одземена титулата светски шампион.

Дуран потоа одби двапати да се бори со Бјукенан, иако имаа потпишан договор. Ова се смета за една од најголемите контроверзии во историјата на боксот.