Поранешниот претседател на Србија Борис Тадиќ денеска соопшти дека не ја исклучува можноста „скандалот“ во републичкиот парламент да го договориле претседателот Александар Вучиќ и дел од опозицијата, пренесе Бета.
„Ова е толку бизарно што не ја исклучувам можноста овој скандал во парламентот да е договорен меѓу Вучиќ и дел од опозицијата, бидејќи и за двајцата медиумските настапи и личниот рејтинг се над угледот и интересите на Србија, објави Тадиќ на Твитер.
Тој го обвини претседателот на Собранието, Слободан Орлиќ, дека „бесрамно“ ја обвинува опозицијата за напади додека „Пратениците на СНС пцујат и физички им се закануваат на пратениците од опозицијата“.
Овие слики од собранието се сведоштво дека оваа власт ги уништи темелите на нашето општество, а не само на институција како собранието…Скандалозно однесување на претседателот на Србија, најголемиот дел од власта и најголемиот дел од опозицијата!
Тадиќ потсети дека Вучиќ пред неколку дена изјавил дека ќе ги спроведе принципите на француско-германскиот предлог за решавање на косовското прашање.