Тамара Тодевска се разведува по 7 години брак: ,,Долго живеев во агонија…” (ФОТО)

Пејачката Тамара Тодевска по седум години брак реши да стави крај на љубовната приказна со кошаркарот Александар Димтровски.

Како што вели и самата, одлуката не ја донела преку ноќ, а сега признала дека долго време живеела во агонија.

– Во тој „кафез“ бев многу долго, живеев во агонија, сè се вртеше во круг, па тие зборови излегоа од мене од некој гнев. Додека пишував ми се врати она што ми се случи во претходниот период. Решив да го направам првиот чекор и да излезам од тој кафез и да им кажам на луѓето дека е лесно, ако навистина сакате. Тоа е за сите што имале проблем со говорот на омраза, за сите што некогаш биле разочарани, погрешно етикетирани, имале безизлезна ситуација – рече Тамара и се осврна на нејзиниот неодамнешен развод.

– Сè уште сум официјално во брак, но повеќе не живееме заедно. Во одлични односи сме, имаме две деца и подобро се сложуваме отколку кога бевме во брак – истакна пејачката која по разделбата од сопругот имаше голема поддршка од семејството и пријателите.

– За сè има излез, само треба да верувате. Не излегов самa од тоа, имав пријатели, родители, психолози, не се срамам од тоа. Најважно е што излегов од тој кафез – заклучи Тамара.