Арбен Тарвари денеска ја објавува својата кандидатура за претседател на Македонија, пишува Телеграфи Македонија.
„Со предлог на АА и поддршка на Европското движење за промени ја објавувам мојата кандидатура за претседател на државата“, рече Тарвари.
Тој рече дека се чувствува привилегиран што добил можност да се кандидира за претседател и нагласи дека промената што почнала нема да може да се запре.
Таравари рече дека очекува да биде поддржан од сите граѓани без разлика на етничка, верска или политичка партија.
Тој додаде дека е дојдено време земјата да има албански претседател, не технички, туку вистински.