Н.К од Скопје синоќа пријавил во полиција дека двајца малолетници го силувале неговиот син.
Тој дошол во станица околу 19:30 часот и рекол дека неговиот син бил силуван на 28 ноември во центарот на градот.
Како што рече, момчето било нападнато од двајца малолетници и силувано со непознат предмет. Во таа прилика, како што тврди, од неговиот син биле одземени лични работи.
Полицијата врши увид.
Нема информации во каква состојба е момчето и дали е однесено на лекарски преглед.