Тајната на „железната купола“: Погледнете како функционира (нај)моќниот одбранбен систем каков што нема ниту една друга држава во светот (ВИДЕО)
„Железната купола“ со два други системи, „Давидов чатал“ и „Стрела“, гарантира највисока можна безбедност од сите видови ракетни.
Израелската војска ги собори речиси сите од повеќето од 300 беспилотни летала и проектили лансирани од Иран доцна во саботата вечер и рано утрото во неделата, како резултат на острата ескалација на конфликтот на Блискиот Исток.
Иран лансираше стотици беспилотни летала, крстаречки ракети и балистички ракети. Последните се најопасни и имаат погодено дури една база (погодени со 7 балистички ракети). Израелците ги соборија беспилотните летала и крстаречките ракети прво со борбени авиони, а потоа и со „Железната купола“. Балистичките проектили беа соборени од системот „Стрела“. Наводно, јорданските борбени авиони, исто така, собориле неколку десетици беспилотни летала и можеби неколку крстаречки ракети.
Watch the F-35I Adir fighter jets return to Nevatim Airbase after successfully protecting Israel’s airspace: pic.twitter.com/ap5gPLphPD
— Israel Defense Forces (@IDF) April 14, 2024
Системот за противвоздушна одбрана „Железна купола“ е еден од основните елементи на израелскиот одбранбен систем, кој пресретнува стотици ракети. Тој беше развиен од израелските компании Рафаел Напредни Одбранбени Системи и Израел Аероспејс Индустрис, со финансиска и техничка поддршка од САД, кои подоцна ги купија двата системи.
„Железната купола“ беше инсталирана за првпат во 2011 година и со уште два системи, „Давидов чатал“, која штити од ракети со среден дострел и „Стрела“ која е одговорна за пресретнување и уништување балистички ракети кои би можеле да пристигнат од Иран, гарантира најголема можна безбедност од сите видови ракетни напади.
Во март 2011 година, куполата беше поставена во градот Бер Шева на југот на земјата, на 40 километри од Појасот Газа, со цел да се запрат ракетите на Хамас кои беа дизајнирани според советските проектили Град.
Секоја батерија има три фрлачи со 20 пресретнувачи кои исклучително брзо го бараат, лоцираат и го следат движењето на секое воздушно тело во радиус од четири до 70 километри. Трошоците за пукање на еден пресретнувач е нешто помалку од 50.000 долари.
Israelis’ reality in the last hours: pic.twitter.com/VXeHM8WqJi
— Israel Defense Forces (@IDF) April 14, 2024
„Железната купола“ се потпира на систем на радар и анализа за да утврди дали проектилот што доаѓа претставува закана и го вклучува пресретнувачот само ако дојдовниот проектил претставува ризик да погоди населено место или критична инфраструктура. Што му дава посебна вредност на системот бидејќи не троши ракети пресретнувачи за проектили кои не претставуваат опасност за луѓе или имот, приватни и стратешки. Пресретнувачот ја уништува нападната ракета во воздух и на тој начин ја елиминира заканата.
Системот лесно се прилагодува на новите закани, па дури и на оние кои сеуште физички не постојат на бојното поле, но може да се очекуваат во догледна иднина.
Куполата е особено важна за јужниот дел на Израел, каде што овозможи секојдневниот живот да се одвива послободно и покрај постојаната закана од Појасот Газа.
Експертите наведуваат дека постои опасност системот да пропадне во случај на одржлив масивен ракетен напад, бидејќи тогаш системот нема да може доволно брзо да открие која од ракетите треба да биде пресретната бидејќи тие се движат кон цели каде што можат да предизвикаат човечки жртви или материјална штета. Но, се чини дека оваа вечер ги демантираше…
Iran missiles intercepted by the Iron Dome system… World War 3 pic.twitter.com/CCYSZpSyuK
— Peché Africa 🇿🇦 (@pmcafrica) April 14, 2024
Суштината на иранско-израелските односи, уште од иранската револуција во 1979 година, се непријателството и нетолеранцијата, кои досега успешно беа држени во границите на здравиот разум, бидејќи ниту една од двете земји никогаш не се чувствувала удобно со директен конфликт. Ова беше првпат Иран директно да го загрози израелскиот воздушен простор, што само по себе дава дополнителна тежина и сериозност на оваа ситуација.
Благодарение на софистицираниот противракетен систем Железна купола, кој Израелците го дизајнираа во соработка со САД, успешно беше пресретната дури 99 отсто од целата ноќна закана, што од перспектива на ИД е навистина неверојатно стратегиско достигнување. Треба да се напомене дека клучните стратешки партнери – САД и Обединетото Кралство, од нивните воени бази во Јордан – веднаш дојдоа да му помогнат на Израел.
Се верува дека мети на иранскиот напад биле Тел Авив, како трговски центар на Израел, Ерусалим и Димона, пустинскиот град во кој се наоѓа нуклеарниот објект на земјата.
– Пресретнавме. Ние го направивме тоа. Заедно ќе победиме – се вели во кратката објава на поранешниот Твитер, на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.