‘ТАЈНА МИСИЈА!’ – Голема паника во врвот на руската тајна служба: “Погледнете што прави Украина! Каде е сега Европа ? Каде се Обединетите нации ?!“
Еден од највисоките руски разузнавачки функционери во понеделникот изјави дека се надева оти нуклеарното набљудување на Обединетите нации и Европската унија ќе ја разгледаат нуклеарната активност на Украина, што може да сигнализира дека Киев работи на создавање на „валкана бомба“.
Сергеј Наришкин, првиот човек на руската служба за надворешно разузнавање СВР, не ги поддржа своите наводи со конкретни докази.
Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), набљудувач на ОН, ја отфрли изјавата на Сергеј Наришкин, велејќи дека сите движења на нуклеарниот материјал се следат.
Министерството за одбрана на Украина не одговори веднаш на барањето за коментар од странските медиуми. Официјален Киев во минатото велеше дека ја сфаќа нуклеарната енергија многу сериозно, истовремено обвинувајќи ја Русија за неодговорност кога станува збор за контрола на нуклеарната централа Запорожје во јужна Украина.
Сергеј Наришкин вели дека неговата служба има информации дека одредено количество „озрачено гориво“ било тајно испратено од нуклеарната централа Ривина во западна Украина за да биде доставено до капацитетите за складирање на озрачено гориво во Чернобил.
Тој вели дека потегот, кој медиумската агенција Reuters не може независно да го потврди, е сомнителен и може да се објасни само со намерата на Киев да создаде „валкана бомба“ со комбинирање на радиоактивен материјал со конвенционални експлозиви.
Во соопштението за печатот на МААЕ овој месец беше објавено за пренос на озрачено гориво од Ривино во Чернобил и овие движења беа земени предвид.